При претрес во кафеана во гостиварско пронајдени кеси со остатоци од прашкаста материја


При претрес на угостителски објект во гостиварското село Неготино ноќеска се пронајдени девет најлонски ќесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар и Полициското одделение Галате извршиле претрес во угостителски објект во село Неготино, Гостиварско, сопственост на лицето Т.Ф.(49) од истото село.

– При претресот, во објектот биле затекнати пет женски лица (три од Република Македонија и две од Република Албанија со регулиран престој) кои работеле како пејачки и танчерки, како и две машки лица вработени како келнер и шанкер. Исто така, при претресот биле пронајдени девет најлонски ќесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја. Сите предмети биле одземени со потврда за одземени предмети, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението.