Почина Шарл Азнавур, француската легенда на шансони
Франција– Легендарниот француски пејач, композитор и актер Шарл Азнавур, чија кариера траеше повеќе од осум децении, почина на 94 години, објави неговиот портпарол. Уметникот со ерменско потекло, кого го викаа францускиот Френк Синатра, во богатата кариера е препознатлив по шансоните.
Еден од најомилените гласови од минатиот век, неговиот талент е беше ценет и далеку од границите на Франција, низ целиот свет.
Познатиот француски пејач почина во неговиот дом во Алпије, објавија француските медиуми.
Азнавур наводно само што се вратил дома од турнеја во Јапонија, каде што ова лето мораше да откаже неколку концерти поради скршена рака.