Постоскаровски забави: Опуштено до сабајле


САД– Холивудски ѕвезди, актери и манекенки се дружеа со шампањско и луксузна ужина синоќа на забавите по доделувањето на оскарите, пресоблечени во нови тоалети и костуми. Гувернерскиот бал, кој е официјална забава по доделувањето на најголемите филмски награди во Холивуд, беше првата забава за повеќето од гостите.

Недалеку оттаму се одржуваше забавата, во организација на за борба против сидата “Елтон Џон” по 21 пат, и на која музичките ѕвезди се измешаа со филмските и со телевизиските, јадеа, пиеја и се забавуваа. Најмногу гости од А-листата привлече традиционалната забава на магазинот “Венити фер”.