Половина од мигрантите ќе заминат од штипската Клиничка болница
Шестмина мигранти кои беа поврдени во сообраќјна несреќа кај радовишки Бучим денеска поради добрата здравствена состојба ќе ја напуштат штипската Клиничка болница, во придружба на полицијата, информира на денешната прес-конференција директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев. Останатите шест пациенти, кои имаат посериозни повреди, како што се скршеници на карлица, екстремитети ќе бидат задржани на болничко лекување.
– Според она што е договорено болничкото лекување на пациентите, кои се странски државјани од Бангладеш и Шри Ланка ќе го покрие Меѓународниот центар за миграции, вели Ѓеорѓијев.
Тој истакна дека вчера попладнето со помош на толкувач, кој го знае нивниот мајчин јазик утврден е идентитот на повредените мигранти. Ѓеорѓијев забележа дека ги следат и препораките од Центарот за јавно здравје во делот на хигиената.