Петковски реизбран на чело на НСДП


Тито Петковски останува на чело на НСДП. Над 400 делегати го поддржале денеска неговиот реизбор, на партискиот конгрес во Скопје. Против изборот на Петковски, според првичните информации, гласале 16 делегати, а имало и дваесетина неважечки ливчиња.

Пред неколку седмици, Централниот одбор на НСДП го утврди Петковски како единствен кандидат за претседател, а на денешниот конгрес не поминал предлогот за уште еден кандидат кој сам се номинирал, ама не добил поддршка да влезе во трката. На четвртиот конгрес на НСДП присуствувале околу 460 делегати, кои избрале и нови органи на партијата, односно централен и надзорен одбор.

Петковски ја формираше НСДП пред парламентарните избори во 2006 година, кога тој излезе од СДСМ и оттогаш ја предводи новата партија.  По изборите во 2006 година, НСДП влезе во владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, а од 2008 година партијата на Петковски е коалициски партнер на сега владејачкиот СДСМ.