Обвинителот Јовески ќе менува искуства со словенечкиот колега Шкета
Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески се сретна со државниот главен јавен обвинител на Република Словенија, Драго Шкета.
Од Јавното обвинителство информираат дека државните обвинители и членовите на делегациите на двете обвинителства на средбата разговарале за зајакнување на соработката во областа на владеење на правото преку размена на искуствата од двете држави.
На средбата била презентирана програмата на Меѓународната развојна соработка на Република Словенија, во чии рамки се одвива проектот „Поддршка на Македонија во Поглавјето 24 – финансиски истраги“. На покана на словенечките колеги, во проектот ќе бидат вклучени и јавните обвинители од Македонија со цел зајакнување на капацитетите и продлабочување на соработката во финансиските истраги.