„Нокаут“ ни посака среќна 2019 со романтичен концерт


Романтичен концерт одржа „Нокаут“ во наменски подготвената просторија на Скопје Мериот хотел. Концертот, кој траеше цели 2 часа, покрај тоа што беше уникатно, предновогодишно уживање кое се преточи во една магична вечер на романтични музички ноти и акустичен звук, им овозможи на сите љубители на музиката на Нокаут да бидат дел од снимањето во живо на новиот акустичен албум на бендот.

„Нокаут“ настапи заедно со Игор Џамбазов, а специјален гостин беше Гуру Харе.