Нова победа на Блокотехна во кошаркарската БИБЛ лига
Кошаркарите на Блокотехна го продолжуваат својот успешен настап во деби сезоната од регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Гевгелискиот тим забележа нова убедлива победа откако вечерва во дуел од 8.коло на гостувањето славеше убедлива победа над албанска Тирана со 92-67 по четвртини (19-26; 10-27; 13-22; 25-17).
Уште по прата четвртина која Блокотехна го доби со 26:19, а особено по комплетирањето на првото полувреме кое гевгелиската екипа го заврши со 24 поени предност (53:29, беше јасно дека избраниците на тренерот Марјан Илиевски ќе остварат нова победа. Во вториот дел само рутинирано ја одржуваа предноста, па на крајот славеа со конечни 92-67.
Американецот, Бенџамин со 18 и Србиот, Мијатовиќ со 15 поени беа најефикасни кај македонскиот претставник, за кој Главчев и Дујковиќ реализираа по 11 поени.
Со оваа победа, вкупно шеста и само еден пораз, тимот на Блокотехна е лидер на табелата во БИБЛ лигата, во која следниот меч ќе го игра на 17 јануари следната година и тоа на гости против Башкими.