Мртов маж пронајден во хотелска соба во Скопје
Починато машко лице легнато на под со траги од крв и метадон било пронајдено синоќа во соба на хотел кој се наоѓа задната страна на Поликлиниката на Бит Пазар.
По кажување на вработените, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало еден ден претходно и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација.
Како што информира МВР, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Случајот во полиција го пријавила екипа на Итната медицинска помош