Момче од Струмица е тешко повредено по сообраќајка со мопед


Тринаесетгодишно момче од село Сарај, струмичко, синоќа е тешко повредено откако изгубило контрола врз мопедот што го управувало без регистарски ознаки и удрило во бетонски ѕид од куќа.

Како што наведуваат од МВР, несреќата се случила синоќа во 20.50 часот во Струмица на улица „Цветан Димов“.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.