Модерен минимализам: Во новиот дом на Џорџ и Амал Клуни во Њујорк


САД- Семејството стана поголемо, па Џорџ и Амал Клуни купија поголем стан во Њујорк. Станот е вистински дизајнерски сон, лоциран во срцето на Големото јаболко.

Откако ги добија близначињата Александер и Ела, славниот пар Клуни одлучи да купи поголем стан. Апартманот се наоѓа на луксузната One Hundred East Fifty Third Street, зграда која е нова конструкција во срцето на Големото јаболко, дизајнирана од прочуеното архитектонско студио „Фостерс х Партнерс“.

Апартманот располага со 315 квадратни метри. Впечатливи се големите прозори со фасцинантен поглед на градот. Уредувањето е модерно, а мебелот е со чисти линии. Доминира белата боја која дополнително визуелно го прави станот многу светол.