Млад битолчанец почина во болница
Триесет и четиригодишен битолчанец починал на интерното одделение во Клиничката болница во Битола, соопшти полицијата. Трагедијата се случила вчера околу 11.20 часот. По извршениот увид, дадена е наредба да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта.