Меган Маркл или Фатиме Фетаи: Важно е да е Гучи
Мини-чантата „Гучи“ на Меган Маркл на турнејата низ Австралија, е модното парче што предизвикува внимание во светската модна јавност. Моделот „Силви“ е новиот хит кој се коментира.
Што и да облече сега бремената Меган Маркл (37) се распродава за пет минути и се копира нејзиниот стил ширум светот. Сама или со принцот Хари, елегантна или спортска, во непознат или познат бренд, на високи потпетици или во рамни чевли…
Еден друг модел на чантата „Гучи“ , претходно ја крена модната температура во Македонија. Ја носеше обвинителката во СЈО Фатиме Фатаи. Станува збор за моделот „Принцеза Маргарета“ која ја подели јавноста: дали е скапа или евтина, оригинал или копија.