Мајка а не прва дама во Африка: Меланија ги стопли срцата


Гана- Фотографиите со Меланија Трамп како гушка африкански деца го обиколија светот и ги стопли срцата и на најстрогите критичари кои не и простија на првата дама на САД што на првата самостојна турнеја, во сиромашната Африка носи скапа гардероба. Пред да слета во Акра, Гана, првата станица, носеше скап кафен фустан и леопардови чевли на „Маноло Бланик“ од илјада долари, а за време на престојот избра црвено-бел фустан на „Селин“ од 2 илјади долари.

Меланија, освен Гана, ќе ги посети и Малави, Кенија и Египет. Во овие земји ќе се фокусира на прашањето на здравјето и образованието и ќе ги посети локалните болници и училишта.

Самостојните патувања се традиција кај првите дами на САД. Мишел Обама во 2010 сама го посети Мексико, а следната година и Африка. Лора Буш, исто така, патуваше сама неколкупати, а првата посета ѝ беше во 2002 година на Европа.