Масажа со месарски ножеви, хит во Тајван (ВИДЕО)


Меѓу бројните салони за масажа во Тајпеј, престолнината на Тајван, има и еден во кој масерите ги „третираат“ своите клиенти со челични месарски ножеви.

Кога првпат ќе ја видите оваа вештина, при што масерот наместо со рака, со нож „тапка“ по грбот на својот муштерија, сигурно ќе се чувствувате вознемирено.

Иако не изгледа баш така, остриците не се наострени, како што би биле кога би се користеле во месара. И покрај тоа, овој третман не е за секого. Масажата изгледа насилно, но ја враќа енергијата и стимулира баланс во телото. Цената за еден час е околу 40 долари, а клиентите се од бебиња до старци.

Терапијата со ножеви е продолжение на традицијата долга повеќе од 2.000 години, која ја почнаа будистичките монаси. Настанала во Кина, но од непознати причини, потоа исчезнала. Се задржала на Тајван. Се тврди дека порастот на интересот за оваа древна метода е во врска со популарноста на акупунктурата во последните децении.