Марија Спасовска ќе не претставува на „Детска Евровизија“ во Белорусија


Скопјанката Марија Спасовска (13) ќе ја претставува Македонија на Детскиот Евросонг закажан на 25 ноември во Минск, Белорусија. Композицијата „Дома“ е дело на долгогодишните соработници, хитмејкерот Дарко Димитров (музика и аранжман) и поп-ѕвездата Елена Ристеска (текст).

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.