Македонска премиера на „Господ постои, името и е Петрунија“


Македонската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска по неверојатниот успех на Берлинскиот Филмски Фестивал и освоените две награди (престижната наградата на Екуменското жири и наградата на германскиот еснаф на независни киноприкажувачи) ќе ја има македонската премиера в четврток во кино Синеплекс, Скопје и в петок во кино Милениум.

Веднаш по премиерите започнува и редовното кино прикажување во двете кино сали во Скопје и домашната публика ќе ја има привилегијата да биде прва која ќе го погледне овој филм.

Од 30 Април, започнува и редовната кино дистрибуција на филмот во Франција, каде тамошниот дистрибутер „Пирамид“ ќе го дистрибуира филмот низ цела Франција. Исто така, на 1 мај започнува и редовната кино дистрибуција на филмот во Швајцарија, раководена од една од најголемите дистрибутерски куќи „Тригон Филм“, а на истиот датум „Полифилм“ ја започнува и кино дистрибуцијата во Австрија.

Во април, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ продолжува и со својот фестивалски живот. Ќе биде прикажан на 4 фестивали во Франција и во Германија.

„После успехот и прекрасната реакција на публиката и високите рангирања кај германската и интернационалната филмска критика на Берлинскиот Филмски Фестивал, не стивнуваат позитивните впечатоци и интересот и секојдневно од целиот свет пристигнуваат поканите за филмот. Наскоро ќе ги сумираме сите откупени територии и ќе ја известиме јавноста за неверојатниот пласман низ сите континенти“, соопштуваат од продукцијата Митевски.