Лице од струшко Теферич пронајдено мртво во автомобил
Кај мостот на реката Сатеска во Струга во автомобил бил пронајден мртов 63-годишниот Н.С. од струшкото село Теферич.
СВР Охрид денеска соопшти дека околу 8 часот и 40 минути во Полициската станица во Струга било пријавено дека во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат Н.С. (63) од селото Теферич.
Увидна екипа од Полициската станица во Струга извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.