Лихштајнер нов фудбалер на Арсенал
Швајцарскиот репрезентативец Стефан Лихштајнер е нов фудбалер на Арсенал, откако денеска официјално потпиша договор.
Тој по седум години поминати во Јувентус како слободен играч доаѓа на „Емирати“.
– Стефан ни носи искуство и лидерство во тимот. Има огромен квалитет, но и многу позитивен став. Сигурен сум дека ќе ја унапреди нашата екипа на теренот, но и надвор од него, истакна тренерот на Арсенал, Унаи Емери.
Минатата сезона 34-годишниот Лихштајнер одигра 27 натпревари за Јувентус. Тој е капитен на швајцарската репрезентација и досега во националниот дрес настапил на 99 натпревари, а ќе ја предводи и на Светското првенство во Русија.