Косово чека укинување на визите


Косовските граѓани денеска очекуваат Европската комисија да објави дека Косово ги исполнило сите услови од процесот на дијалогот за либерализација на визниот режим, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ваквиот потег на Еврокомиисјата, како што пишува денешен „Коха Диторе“, се очекуваше многу порано, посебно откако косовското Собрание го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што претходно беше поставен како дополнителен услов за визната либерализација.

– Меѓутоа, подоцна излезе дека тоа не бил и последниот услов, бидејќи Европската унија инсистира на дополнителен извештај за уште еден услов, а тоа е да се изнесат конкретни докази за борбата против организираниот криминал и корупцијата на високо ниво, пишува весникот.