Кејн: Меси и Роналдо се над сите


Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн, во пресрет на вечерашниот дуел со Барселона, искажа пофални зборови за Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

– Меси и Роналдо се пред сите други. Имаат поставено многу рекорди. Вечерва ни доаѓа Барселона за која Меси има постигнато 560 голови. Тоа е бројка за целосен респект. Он се уште игра и уште ќа ја подобрува. Ваквото постигнување е предизвик за мене. Се надевам дека ќе успеам и јас да бидам така успешен, изјави капитенот на Тотенхем.

Дербито на „Вембли“ во Лондон е закажано за 21 часот.

Во првата рунда од Б-групата, Барселона го совлада ПСВ, а Тотенхем загуби од Интер.