Канте за Реал: И Зидан да ми се јави, нема да биде важно
Играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, се чувствува среќен на „Стемфорд Бриџ“ и нема намера да го напушта лондоснкиот тим.
– Сега сум во Челзи и не е важно што зборуваат. Дури и Зидан да ми се јави, не е важно. Денес сум во Челзи и јас се фокусирам само на тоа, изјави играчот од средниот ред за „М6“.
Канте има договор со тимот од Лондон до 2023 година. Со доаѓањето на Жоржињо сепак, улогата на францускиот репрезентативец се промени во формацијата на Маурицио Сари.