Истражување: Жените со факултет се мажат за побогати мажи


Англија- Британскиот институт за фискални студии објави дека жените кои завршиле факултет имаат поголема шанса да стапат во брак со побогати мажи и да заработуваат 30 отсто повеќе од оние без диплома.

Според резултатите од нивното истражување, приходите се само дел од придобивките што ги уживаат факултетски образованите жени. Имено, шансите за движење во кругот на високообразовани луѓе, каде што ќе ги запознаат идните партнери, се за 20 отсто повисоки.

Истражувањето е спроведено врз жени родени во 1970 година, и беа разгледувани приходите што ги оствариле до 42. година од животот.

Се покажа дека нивните плати биле 30 отсто повисоки од платите на жените кои не завршиле факултет. Едно од објаснувањата за тоа е и фактот дека жените кои дипломирале почесто го одложуваат мајчинството за да постигнат повисоки позиции во компаниите.