Изложба во Француски институт: „Низ процесот на моделирање и изработка на креации“


Францускиот институт во Скопје и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ имаат чест да да ве поканат на отворање на изложбата „Низ процесот на моделирање и изработка на креации“, денес во 18,30 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ќе го претстави работниот процес мулаж, преку моделите на студентите на Интернационален институт за мода, а истата претставува прв дел од модниот проект за оваа зима насловен како „ИН витрини во Францускиот институт во Скопје“.

Изложбата ќе биде отворена во присуство на г-дин Изет Цури, Директор на Интернационалниот институт за мода и стилист, и г-ѓа Доминик Брине, професорка по моделизам, а ќе трае до 25 јануари 2018 година. На отворањето, г-ѓа Ханифе Билали ќе направи презентација на тема за нови модните трендови, плод на нејзиниот престој во Париз, којшто беше поддржан од Францускиот институт во Скопје.