Изгаснат пожар во стан во центарот на Скопје


Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во стан во центарот на Скопје, на ул. Даме Груев, во близина на македонското Собрание.

Според инфорамциите од пожарникарите, оштетени се уште два стана, но нема повредени лица.

Засега нема официјални информации за причината за пожарот. Според изјави на станарите во зградата пожарот најверојатно е подметнат од сопственик на еден од овие станови.

Како што обавија повеќе медиуми чии екипи беа на самото место, станарите изјавуваат дека се работи за проблематичен сосед со кои подолго време имале проблеми и недоразбирања, но засега нема официјална информација за причините за пожарот.

Станарот, според истите информации е во полициска станица на разговор.

Фото: ТВ21