Загина камионџија на автопатот Гевгелија-Скопје


Педесет и седумгодишен скопјанец загинал вчера кога со камион излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел на автопатот Гевгелија-Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 18:30 часот било пријавено дека на автопатот Гевгелија-Скопје, С.Г.(57) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со полуприколка „Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел.

По незгодата возачот С.Г. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот