Доживотен затвор за 15 лица вмешани во „пучот“ во Турција
Петнаесет поранешни воени лица денеска се осудени на доживотен затвор поради обид да го заземат седиштето на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Истанбул за време на обидот за државен удар во јули 2016 година.
Судот во Силиври, во близина на Истанбул, осуди 15 воени лица под обвинение за обид за смена на уставниот поредок преку употреба на сила.
Турските власти за организирањето државен удар го обвинуваат исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. Ѓулен ги отфрла таквите обвиненија.