Девојче повредено во автобус на ЈСП
Десетгодишно девојче вчера се здобило со тешки телесни повреди при пад по скали во двокатен автобус број 3 на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 11 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, а се случил на улица „Тодор Александров“.
– Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал и тоа паднало по скалите. По незгодата, девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар – „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди, наведуваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.