Деветгодишно дете нападнато од куче во Скопје
Деветгодишно дете синоќа во Скопје било каснато од куче, при што добило видливи повреди на десната подлактица.
Како што пишува во полицискиот билтен, синоќа во 21:20 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Д. (41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19 часот на ул. „Франц Лист“ од расно куче во пределот на десната подлактица бил каснат нејзиниот деветгодишен син, при што му биле нанесени видливи повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.