Две лица физички нападнале 26-годишник и му го одзеле мобилниот


Дваесет и шестгодишниот А.Ц. половина час пред полноќ во Полициската станица Центар пријавил дека околу 22,20 часот на улицата „Кеј Димитар Влахов“  две непознати лица физички го нападнале, по што му одзеле мобилен телефон и го напуштиле местото на настанот.

МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.