Дачиќ: Разграничувањето е наша идеја
Како што пренесува ТВ Н1, Дачиќ им изјавил на новинарите во Белград дека идејата за разграничување постои како предлог, но дека не е дефинирано каде ќе се наоѓа линијата.
Албанската страна и понатаму молчи за овој предлог, колку што може да се заклучи од одговорот на шефот на српската дипломатија. Албанската страна сé уште нема одговорено, бидејќи во моментов не постои дијалог, наведува ТВ Н1.
Дачиќ нагласи дека САД сакаат да се најде компромисно и трајно решение за Косово.
– Вашингтон е најмногу заинтересиран за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, повеќе од Велика Британија и Германија, истакна Дачиќ, наведувајќи дека САД претходно имале став оти Србија мора да ја признае независноста на Косово.