Гори нискостеблеста шума и висока сува трева во Липковско
Гори нискостеблеста шума, ливади и висока сува трева на подрачјето на Општина Липково, над браната кон Гошинце, информираа утрово надлежните институции.
Пожарот почнал да се шири вчера во пладневните часови, информираше раководителот на кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“, Луан Бајрами.
– Утрово наши и екипи на Територијалната противпожарна единица се на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот, но мора да потенцирам дека е зафатена површина на тешко пристапен терен, изјави Бајрами.
И командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски потврди дека негова екипа е во Липковско на зафатеното подрачје.