Горан Бреговиќ и Филхармонија со „Три писма из Сарајева“ на 22 март во Скопје


Регионалната поп-ѕвезда Горан Бреговиќ, го носи својот последен проект „Три писма из Сарајева“  и во Скопје, на 22 март во ВИП Арената.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Албумот е најпродаван етно албумот во светот за оваа година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

На концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник наутро, по цена од 700 до 1500 денари.