Годинава 370,7 милиони евра поврат на ДДВ за фирмите
Тевдовски посочува дека годинава е oстварен висок раст на наплатените даноци и придонеси. Заклучно со ноември, наплатата е повисока за 8,1 отсто во однос на лани.
-Подобрата наплата кај сите видови даноци, како и придонесите, е уште една потврда за позитивните движења во економијата и вработеноста, вели Тевдовски.
Тој посочува дека Владата идната година ќе го поддржи стопанството сo највисоки досега планирани средства за активни мерки за вработување во Буџетот, повеќе средства за поддршка на претпријатијата, како и средства за крупни инфраструктурни проекти.