Во Хрватска 75 починаа од грип


Хрватските здравствени власти објавија дека досега во земјата како последица на грип починале 75 лица, а околу 48.000 се заболени.

Загрижувачки за властите е податокот дека оваа година бројот на починати е неколкукратно поголем од ланската сезона на грип, кога животот го загубија 29 лица