Владата ќе го потпише договорот за државна помош со компанијата „ВИК“


Во Владата на Република Македонија попладне ќе биде потпишан договорот за државна помош со компанијата „ВИК“ која ќе инвестира во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци во Прилеп.

Договорот ќе го потпишат министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска и сопственикот и управител на групацијата ВИК, Христоф Дерн и директорот на ВИК Македонија, Хелмут Румлер.

Најавено е и обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

Во вторникот на седница, Владата даде согласност за договорот за државна помош за оваа компанија.