(ВИДЕО) Мајчината љубов е неизмерна: Го одбрани своето кутре, а потоа побара помош
Мајчината љубов е огромна и незаменлива. Никој не може да ги надомести чувствата и грижата што мајката им ги дава на своите малечки. Оваа мајка буквално плачеше и липаше за помош.
Нејзиното младенче беше повредено и лежеше на тротоар со отворена рана покрај бандера.
Таа долго време бараше од некого да ѝ помогне, додека еден од минувачите не повика тим спасувачи од здружението „Анимал аид анлимитед“. Од организацијата се организираа во најкус можен рок и дојдоа до местото каде што мајката го чуваше своето малечко.
Тие ги одвезоа мајката и кутрето во нивното прифатилиште и веднаш почнаа да им пружаат помош. На малечкото кученце, подоцна наречено Тогли, му ја исчистија раната и потоа му ја зашија.
Луѓето сведочат дека Тогли бил нападнат од улични кучиња, а неговата мајка го бранела. Сепак, тие сепак успеале да му нанесат сериозни повреди. Сега почна добро да се храни, исто како и неговата мајка.
Волонтерите во овој центар секојдневно се грижат за Тогли и, покрај секојдневните терапии, му даваат апсолутно неопходна љубов, и за него и за неговата мајка.