(Видео) Здравко Чолиќ со нов спот и втор концерт во Скопје


Песната “Ničeg nije bilo između nas”, која ја освои целата публика во регионот, петтата нумера од новиот албум на Здравко Чолиќ, доби спот.

Ова дело е со потпис на Александар Сретеновиќ, а аранжманот на Никша Братош.

„Сензуалните сцени кои ги снимавме, досега не се видени во спотовите на Здравко. Моравме да ја внесеме магијата на провокацијата, заведувањето, приказна која ќе ги држи во неизвесност гледачите до самиот крај на спотот”, изјави Александар Керкеш Кеки, режисерот кој својот визуелен печат го става и на овој спот.

Приказната за младиот брачен пар, кој поминува низ емотивни искушенија и кризни моменти, е снимана во Нови Сад.

Во рамки на регионалната турнеја „Ono malo sreće“ , Здравко Чолиќ ќе одржи концерти: во Загреб (20. октомври), во Тузла (3. ноември), во Скопје – два концерти (10. и 17. ноември), во организација на „Прагма продукција“.