Весна Бејби Петрушевска слави јубилеј: Влези, не се соблакај


Весна Бејби Петрушевска (49) вечерва слави 25 години на театарската сцена со стендап-шоу од 20 часот во Македонскиот народен театар, кое го нарече „Влези, не се соблакај“.

Вели дека во фокусот на темите ќе биде нејзиниот живот, но и актуелните министри.

– Едно време застануваш и престануваш да броиш улоги, продадени билети, како потврда за успехот, одредени кланови кои меѓу себе си разменуваат проекти. Целосно неважно. Мојата мисија била и ќе биде да оставам каков било траг по кој барем некој ќе ме памети. Јас сиот мој живот го посветив на актерството и тоа го пренесувам на деца и на тинејџери. Тврдам дека театарот е живот и без него не умееме да дишеме. Тој е потврда за еден народ, за едно културно време, за поттик – вели Весна.