Британија може да го одложи излезот од ЕУ
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека ќе дозволи излезот од ЕУ да биде одложен, но само при вонредни околности. На овој начин, таа се согласи да предложи измени во законот за Брегзит, со цел да се избегне можен бунт на пратениците против неа.
Со измената се предвидува Владата да може, доколку е потребно, да го промени датумот на излегување (29 март 2019 година), но истовремено нема да се откаже од желбата таа да биде експлицитно запишана во соодветниот закон за Брегзит.
– Ја прифативме измената, но можам да го уверам Парламентот дека ние ќе го искористиме таквото овластување само во исклучителни околности и во најкус можен рок, истакна Меј во Парламентот.