Анџелина Џоли ја отпушти адвокатката за развод
САД- Актерката Анџелина Џоли ја отпушти својата адвокатка Лора Васер која го водеше разводот со Бред Пит заради разлики во мислењето. Оскаровката сега ќе се фокусира на односот со децата.
Џоли и екссопругот Бред Пит претходно ја откажале судската расправа за старателство над нивните деца, а како што пренесуваат американските медиуми, се на пат за да постигнат договор.
Според пријателите на Анџелина, таа решила да попушти и да стави крај на бракот со Бред Пит на пријателски начин.
Неодамна, Џоли го обвинила Пит дека не плаќал соодветна алиментација, меѓутоа адвокатите на Бред тврдат дека нивниот клиент давал пари, односно дури девет милиони евра.
Двојката, кој е во процес на развод, има шест деца, ќерките Захара Шајло и Вивиен и синовите Медокс, Пакс и Нокс.