Антонија Ристовска: Колекција на венчаници „Вајт ајви“ за 2018


Новата колекција венчаници „Вајт ајви“ за 2018 на дизајнерката Антонија Ристовска е  софистицирана, гламурозна, единствена и со доза на романтика.

„Инспирирана од винтиџ модата и посакуваниот ретро стил, во создавањето на новата колекција ја пренесов ретро нишката и и дадов младешки призвук и урбана нота. Раскошот од богати везови изработени од бисери, кристали и мониста на материјалите го будат чуството на единственост и гламур, а воедно богатите текстури и слоевитоста на материјалите и понатаму ја задржуваат леснотијата при носење на венчаницата, вели Ристовска.

 

Сара Цветанова и Сандра Цветкова се манекенките кои ги носат креациите од колекцијата. Позираа во хотел „Александар палас“ во Скопје, пред објективот на Ани и Дими. Фризурата е на Дарко Петковски од Hair Hause, а шминката на Васе Доковски.

Колекцијата ќе биде претставена на Саемот за венчавки кој ќе се одржи на 9 и 10 декември во хотелот „Краун Плаза“ во Белград, Србија. (Л.С.)