Академиците бараат секретар за плата од 45.000 денари


Македонската академија за наука и уметност има потреба од секретар, поради што се подготвени да му понудат месечна плата од речиси 45.000 денари. Во огласот за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ, кој трае до четврток, се наведува дека заинтересираните треба да имаат високо образование, најмалку пет години работно искуство од областа, покажани организаторски способности и активно владеење на еден светски јазик. Неделното работно време е од понеделник до петок, од 7 до 15 часот, а основната плата изнесува 44.702 денари.