Адеми: Македонија пред Хрватска
Капитенот на загрепски Динамо и репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми не жали што ја прифатил понудата да настапува за нашата репрезентација. Во интервју за хрватските медиуми, вели дека се уште не бил на допинг-контрола по суспензијата што помина лани и потврдува дека сите тренери со кои што работел оставиле трага во неговата кариера.
„Истиот момент кога го прифатив повикот од Македонија, свесен бев оти никогаш повеќе нема да играм за Хрватска. И така си ги поставив работите во главата, па не се оптоварувам со прашањата „што би било кога би било“. На Хрватска и посакувам многу успеси и победи, освен тогаш кога ќе игра против Македонија“, вели Адеми.