Зошто спанаќот не се подгрева?


Спанаќот секако е една од најздравите намирници, но треба да внимаваме при неговото конзумирање, најдобро е да подготвуваме онолку колку што ќе јадеме, бидејќи подгревањето спанаќ воопшто не се препорачува.

Спанаќот спаѓа во групата на лиснат зеленчук кој содржи релативно висок процент на нитрати.а“, вели таа. Тој препорачува овес, киноа, ориз, компир и грав.

Остатоците од варен спанаќ не треба да се чуваат на собна температура и треба веднаш да се чуваат во фрижидер

Кога спанаќот се остава да отстои, особено ако се работи за термички обработена храна, количината на нитрати се зголемува, па дури со процесот на вриење тие се претвораат во нитрити во варен спанаќ. Тие се опасни бидејќи се комбинираат со амини во телото и создаваат високо канцерогени соединенија наречени нитрозоамини, објасни нутриционистот и научник Дагмар фон Крам.

Ако само накратко го подгреете спанаќот непосредно пред консумирање, не треба да се грижите, рече фон Крам, предупредувајќи дека тоа не важи за многу мали деца, каде што во најекстремен случај последиците може да бидат задушување.

Спанаќот може да се јаде и сиров, како салата. Богат е со витамини А, Ц и бета-каротен и фолна киселина.