Зошто сè уште многу луѓе веруваат дека стапнувањето на Месечината беше лажно?
Потребни беа 400.000 вработени на НАСА за Нил Армстронг и Баз Алдрин да отидат на Месечината во 1969 година – но само еден човек да ја прошири идејата дека сето тоа е измама. Неговото име беше Бил Кејсинг.
Тоа започна како „чувство, интуиција“, пред да се претвори во „вистинско убедување“ – дека САД немаат технички способности за да стигнат до Месечината (или, барем, на Месечината и назад). Кејсинг, всушност, придонесе за американската вселенска програма: помеѓу 1956 и 1963 година тој бил вработен во „Рокет дајн“, компанија која помогнала во дизајнирањето на ракетните мотори на „Сатурн V“. Во 1976 година тој објави памфлет наречен „Ние никогаш не отидовме на Месечината: Американска измама од триесет милијарди долари“, во кој понуди доказ за неговото тврдење со помош на зрнести фотокопии и смешни теории. Сепак, тој некако воспостави приказни кои до денес се чуваат во холивудските филмови и документарците на Фокс њуз, форумите Редит и каналите на Јутјуб.
И покрај извонредниот обем на докази (вклучувајќи и 382 килограми камења од Месечината собрани во шест мисии, поддршката од Русија, Јапонија и Кина и слики од Лунарниот извиднички орбитер на НАСА што ги прикажуваат патеките направени од астронаутите околу Месечината), верувањето во заговорот за измама процвета од 1969 година. Меѓу трагачите по вистината за 11/9, антиваксерите, поддржувачите на идејата дека Земјата е рамна, негаторите на холокаустот и заговорниците на конспиративните теории, идејата дека слетувањата на Месечината биле фалсификувани не е веќе извор на лутина – туку дека тоа е само даден факт.
„Реалноста е оваа – интернетот им овозможи на луѓето да кажат што сакаат на поширок број луѓе отколку кога било досега“, воздивнува Роџер Лауниус, поранешен главен историчар на НАСА. „И вистината е, Американците сакаат теории на заговор. Секој пат кога ќе се случи нешто големо, некој има контраобјаснување“.
Првичните тврдења на Кејсинг го поттикнуваат ова. Едно е фактот дека во сликите не се видливи ѕвезди; друго е недостигот на кратер под модулот за слетување; третото е да се погледа начинот на кој паѓаат сенките. Луѓето што знаат за што зборуваат, губат часови објаснувајќи ги таквите „аномалии“ (тие се однесуваат на времето на експозицијата на фотоапаратот, начинот на работа на модулот во вакуум и рефлектирачките квалитети на Месечината). До неговата смрт во 2005 година, Кејсинг тврдеше дека целата работа била измама, снимена во ТВ-студио. „Добро е документирано дека НАСА честопати беше лошо управувана и имаше слаба контрола на квалитетот“, изјави тој за „Вајрд“ во 1994 година. „Но како во 1969 година можевме одеднаш да испратиме лет со екипаж? Со целосен успех? Тоа е против сите статистички показатели“.
Тој барем за тоа беше во право. Кога Советите го лансираа „Спутник 1“ во октомври 1957 година (еден месец подоцна во „Спутник 2“ беше испратено кучето Лајка), американската вселенска програма сè уште беше непостоечка. НАСА е основана во 1958 година и успеа да го лансира Алан Шепард во орбитата во мај 1961 година – но кога Џон Кенеди објави: „САД треба да се заложат за постигнување на целта, пред да заврши оваа деценија, а тоа е слетување човек на Месечината и безбедно враќање од неа на Земјата“, се чинеше дека тоа е преоптимистички. До средината на 60-тите години, НАСА трошеше повеќе од четири отсто од БДП на САД, а Советите постигнуваа повеќе први цели – прва жена во вселената (1963), прва вселенска прошетка (1965) – Американците доживеаја разни пречки, вклучувајќи го и пожарот при лансирањето кое ги уби сите тројца астронаути од „Аполо 1“.
Ќе треба да замислите дека специјалните ефекти од 2019-та година беа достапни за НАСА во 1969 година, а ниту еден од 600. милиони гледачи на телевизија не забележаа ништо чудно. Филмот на Стенли Кјубрик „2001 година: Одисеја во вселената“ (1968) е пристојна индикација за тоа што специјалните ефекти на Холивуд би можеле да направат во тоа време – и тоа е крајно безобразно. Навистина поедноставно да се снима на локација.
Во документарецот на Фокс њуз беше претставена анкета која тврди дека 20 отсто од Американците веруваат дека слетувањето на Месечината е фалсификувано.
Џејмс Бонд треба да земе мал дел од вината. Во „Дијамантите се засекогаш“ (1971), Шон Конери влета во објект на НАСА преку казино во Лас Вегас. Потерата се движи низ филмскиот сет направен да изгледа како Месечината, комплетно со астронаути од Земјата. Но тука станува збор повеќе за визуелна шега.
„Аполо“ ја означи пресвртница помеѓу оптимизмот на 60-тите и разочарувањата на 70-тите. Владата може да постави исклучителна цел, но тоа не значи дека може да ја добие војната во Виетнам, да ги исчисти градовите или да лечи рак или некоја од работите што Американците можеби ги сакаа повеќе. Идејата дека владата не е навистина моќна, туку само се преправа дека е – можете да видите како се храни во измама на Месечината.
Теориите на заговорот на Месечината имаат тенденција да бидат за она што не се случило, а не за она што се случило. Конспирациите се поделени околу тоа дали претходните мисии на „Аполо“, „Меркур“, „Џемини“ и „Атлас“ исто така беа фалсификати, дали Лајка или Јури Гагарин некогаш биле во вселената и каква улога играше Кјубрик. Но, додека првата генерација на лунарни заговорници беа мотивирани од лутина, сега е поверојатно дека ќе биде здодевноста. Линијата помеѓу конспирација и забава е многу повеќе заматена.
Сепак, и покрај тоа што е иритирачки за оние кои се вклучени – Баз Олдрин го удри конспирацистот Барт Сибрел во 2002 година – во една смисла идејата за заговор е безопасна, барем во споредба со дезинформации за вакцините или масовните убиства. Има малку докази дека руските агенции за дезинформации имале улога за ширење на заговорот за Месечината, како на пример, со антиваксерската пропаганда. Иако, ако размислите, тоа ќе направи совршена смисла за нив да го сторат: уреден начин за враќање на угледот на Русија, истовремено воспоставувајќи континуитет помеѓу Студената војна и информативните војни.
СССР имаше средства да ги изложи Американците во тоа време. „Ние бевме во советската воена база 32.103“, се присети неодамна рускиот космонаут Алексеј Леонов. „Се колнам во Бога, седевме таму со прекрстени прсти. Се надевавме дека момците ќе успеат. Сакавме тоа да се случи. Ги знаевме оние што беа во модулот и тие нè знаеја нас“.
Можеби најтешкото нешто да се верува е идејата дека луѓето би можеле да постигнат нешто трансцедентно – нешто што дури и го покажа најдоброто во Никсон. „Поради тоа што го направивте, небесата станаа дел од човечкиот свет“, рече тој во својот телефонски повик до Олдрин и Армстронг на Месечината. „И додека зборувате со нас од Морето на мирот, тоа нè инспирира да ги удвоиме нашите напори за мир и спокојство за Земјата“, им порача тој.
Денес имаме помалку верба во себе. Повеќето конспиратори за Месечината ја третираат целата работа како шега. Ако НАСА се врати на Месечината – можеби уште во 2024 година, во зависност од желбите на Трамп – тоа ќе биде заменето со време во заговори за Марс.
Сепак, можете да видите дека упорноста на заговорот за Месечината е како комплимент за научниците од „Аполо“. Вистината е дека слетувањето на Месечината навистина не го промени животот на Земјата. Сè уште не е така. (Гардијан)