Зошто не е сеедно каде ќе седите во авионот?


Ако некогаш ви се случило стјуардеса да ве спречи да ги замените местата со некој во авионот или да ви забрани да се преселите на друго место, тоа не значи дека тоа е нејзин каприц.

Експертите потврдија дека распределбата на тежината на патниците влијае на стабилноста на авионот, особено во помалите авиони.

– За да може авионот да остане балансиран, од моментот на полетување до слетување, потребно е да се земе предвид вкупната тежина и неговата распределба – вели Дарен Патерсон, американски пилот, додавајќи дека дури и движењето на едно лице за време на летот се чувствува, бидејќи тежиштето на авионот полека, но постојано се менува.

Патниците кои мислат дека нивната тежина не влијае на летот би можеле да бидат изненадени, но формулата за стабилност на авионот го зема предвид горивото потрошено за време на летот, што исто така влијае на центарот на гравитација.

Ако се е во ред, рамнотежата на авионот нема да биде нарушена, што пилотот го споредува со две деца со приближно еднаква тежина кои играат на клацкалка.

Додека некои авиони имаат програма која пресметува како се распределува тежината, другите авиокомпании тоа го прават рачно, оставајќи им на стјуардесите да контролираат како седат патниците.

– Колку е помал авионот, толку подраматично може да има нерамнотежата – објаснува Патерсон.