Зошто мал автомобил има брзинометар до 220 км/ч кога едвај оди 160?


Зошто брзиномерите во автомобилите покажуваат поголема максимална брзина од вистинската брзина.

Многу возачи барем еднаш се запрашале зошто брзинометарот во автомобилот покажува многу поголема максимална брзина од онаа што возилото реално може да ја достигне.

Добар пример е Volkswagen Up, кој во некои верзии едвај надминува 160 км/ч, додека скалата на контролната табла оди до 220 км/ч.

Причината за ова не е случајна. Производителите често дизајнираат инструменти така што брзините помеѓу 100 и 130 км/ч се во централниот и највидливиот дел од скалата.

На овој начин, возачот полесно може да ја прочита брзината за време на секојдневното возење на автопат, пишува Review HAK.

Покрај практичноста, постои и маркетиншки ефект. Кога дури и мал градски автомобил има брзинометар што завршува на 220 км/ч, се добива впечаток дека возилото има повеќе перформанси отколку што моторот всушност може да обезбеди.

Постои и факторот на заштеда во производството. Многу производители ја користат истата инструмент табла за неколку верзии на моделот, од основни до помоќни мотори.

Наместо да се развиваат различни скали за секоја верзија, поедноставно и поевтино е да се задржи еден универзален брзинометар.

Затоа не е невообичаено што дури и автомобил од 80 КС има скала што „ветува“ брзини резервирани за значително посилни модели – иако во пракса никогаш нема да ја достигне.