ЗОО Скопје се огласи по трагедијата откако угина последната жирафа Флопи


Во еден ден, во скопската зоолошка градина, се случија две трагедии. Имено, прво се прошири веста дека починал негувателот нажирафите Ристе Трајковски и тоа само на возраст од 44 година, а неколку часа подоцна, угина и последната од трите жирафи, Флопи.

„Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски.
Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот.
Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје“ соопштија денеска од ЗОО Скопје.

Велат, за трагедијата да биде уште поголема, околу 16, угинала и третата жирафа Флопи.

„Го загубивме и нашиот Флопи- една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа сѐ од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе. Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас“, додаваат од таму.

ЗОО Скопје соопшти и дека сите законски процедури и постапки се запазени и се во тек, а штом имаат официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност.