Злато за Де Грас на трката на 200 метри
Канаѓанецот Андре Де Грас е победник на спринтерската трка на 200 метри на Олимписките игри во Токио.
Тој беше пред сите со време од 19,62 секунди, што е и негов личен рекорд.
Среброто го освои Американецот Кенет Беднарек со 19,68, а бронзата му припадна на Американецот Ноа Лајс.
За потсетување, Де грас во трката на 100 метри пред неколку дена освои бронза.